biro proekt biro proekt

настани

15 години Биро Проект

На 21.12.2017 во Концепт 37 во Скопје, прославивме мал јубилеј 15 години од нашето основање.

Заедно со нашиот тим, деловните партнери, соработници и пријатели, поминавме заеднички моменти кои ќе останат запаметени.

Им благодариме на сите за целиот изминат период наназад и прекрасната помината заедничка вечер.

... повеќе

Цветна магија на Скопскиот цветен фестивал

Цвеќе, зеленило, природа – одлична комбинација за убаво расположение изминатиов викенд на Цветниот фестивал во Градскиот парк.

Биро Проект и оваа година беше дел од една од најубавите манифестации во градот каде го споделивме нашето искуство за хортикултурно уредување.

Пролетта и летото се најубавите периоди во годината кога со задоволство уживате во вашите градини, дворови и тераси - консултирајте го нашиот тим за креативни хортикултурни решенија на просторот.

... повеќе

Ве очекуваме на Саем на градежништво 01-05.03.2016, Хала 1

Во периодот од 01.03. до 05.03.2016 година, Биро проект ќе учествува на Саемот на градежништво и недвижности во Скопје, во Хала 1 (штанд на групација Адинг).

Почнувајќи од 01 март, започнува и нашиот саемски попуст за проекти за ентериери од 12%.

Работното време на саемот е од 10 до 19 часот.

Ако сте расположени за дружење, Ве очекуваме и на нашата „After Work“ забава во петок, 04.03.2016 во периодот од 16 до 19 часот.

... повеќе

Втор Скопски цветен фестивал

Во организација на ЈП „Паркови и зеленило”, а под покровителство на Градоначалникот на Град Скопје, од 16-17 Мај 2015 година, во Градскиот Парк во Скопје ќе се одржи Вториот Скопски цветен фестивал – СЦФ.

И годинава, Биро Проект ќе има свое цветно катче на кое ќе ги претстави своите хортикултурни проекти, а нашиот тим ќе одговори на сите ваши прашања од областа на хортикултурата и партерното уредување.

Се гледаме во Градски Парк!

... повеќе

1234