biro proekt biro proekt

услуги

biroproekt

  • Проектирање


    За успешноста говорат делата и задоволните клиенти

    Проектантскиот дел од Биро Проект постои од 2002 година. Со нашиот тим од искусни архитекти и градежни инженери, изработуваме проектна документација (проекти), студии, елаборати, анализи, експертизи и друга документација која е во согласност со стандардите, нормативите и прописите за проектирање и архитектонско обликување на градбите.

    Ги изработуваме сите фази во процесот на проектирање:

    biroproektархитектура
    biroproektводовод и канализација
    biroproektстатика (со сеизмика)
    biroproektелектротехнички инсталации
    biroproektтермотехнички инсталации
    biroproektсообраќај
    biroproektпротив пожарна заштита
    biroproektбезбедност и заштита при работа
    biroproektи други проекти и елаборати во зависност од намената на градбата

    Дел од горенаведените фази ги изработуваме во соработка со надворешни соработници од повеќе компании, како Балкан Консалтинг, Бетон, Македонија проект и др.

    Денес зад нас може да забележиме успешни проекти, реализирани цели и постојано напредување и усовршување.

    Биро Проект поседува:

    biroproektА лиценца за проектирање на градби од прва категорија и втора категорија.
    biroproektА и Б овластувања на проектантите за проектирање и надзор.



    Маркетинг

    Ако сакате усовршување на вашиот бренд, или подобрена функционалност на вашиот маркетинг, се наоѓате на вистинското место.

    Нашиот тим може да направи целосни решенија во делот на:

    biroproektГрафички дизајн
    biroproektБренд билдинг
    biroproektОрганизирање настани
    biroproektОдноси со јавност

    Подготвени сме да понудиме оригинални и свежи идеи, нешто со што ќе се спротиставите на конкуренцијата, а истовремено ќе ги воодушевите вашите потрошувачи и ќе ја подобрите вашата продажба.



    Хортикултура

    Биро Проект активно се занимава со хортикултурно уредување и пејзажна архитектура за вашиот екстериер и ентериер. Нашиот тим е специјализиран за дизајн и изведба на хортикултурното уредување на вашите простории, дворови, паркови и други видови приватни и јавни површини (крстосници, булевари, пешачки зони и сл.), како и консултантски услуги од оваа област.



    Процена на недвижен имот

    Биро Проект поседува лиценца за вршење на процена од областа на недвижен имот. Ние сме овластена компанија за проценка на пазарната вредност на недвижнини: станбени куќи и згради, деловни згради (погони, магацини, хали и стоваришта) и деловни простории (дуќани), административни згради и простории, згради и станови за одмор и рекреација и други објекти (гаражи, амбари, штали, плевни и шупи) како и градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми и пасишта.